Tuesday, Apr 23, 2024

Локализиран е пожарот во Националниот парк „Пелистер“, во месноста Извори, над селото Маловишта, соопштија од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Пожарот, кој избил вчера, зафатил сува трева и нискостеблести растенија, а во негово гаснење интервенирале вработени од Националниот парк „Пелистер“, пожарникари од Битола, лица од Дирекцијата за заштита и спасување – Битола, како и два воздухоплова од ДЗС.