Tuesday, Sep 26, 2017
HomeДЕНЕШНАРепубликаУниверзитетските професори Новковски и Јанкуловски ја продолжуваат трката за ректор на УКИМ

Универзитетските професори Новковски и Јанкуловски ја продолжуваат трката за ректор на УКИМ

ukim

Актуелниот декан на Медицинскиот факултет и професор по хирургија, Никола Јанкуловски и ексминистерот за образование и професор на ПМФ, Ненад Новковски, се двајцата кандидати кои остануваат во финалната трка за нов Ректор на УКИМ, одлучи ректорската управа на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“.

Атанас Кочов, деканот на Машинскиот факултет, професорот Коле Василевски од Шумарскиот факултет, Елена Думова Јовановска од Градежен факултет и Александар Димитров од Технолошко-металуршкиот факултет, излегоа денеска од трката за нов ректор.

Конечните резултати за тоа кој ќе биде ректор на УКИМ ќе се знае на 27 јуни,  кога ќе гласа Сенатот.