Sunday, May 5, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеПродолжуваат протестите против корупција во Букурешт

Продолжуваат протестите против корупција во Букурешт

Протестите во Букурешт и понатаму се во тек, со тоа што денес е третиот ден од протестите кои се одвиваат во романската престолнина.

Околу 7.000 лица, од кои повеќето беа помлади излегоа да го продолжат протестот против корупцијата на политчката елита, за која тие тврдат дека е главен виновник за трагедијата која се случи во дискотека во која имаше 32 жртви.

Овие протести предизвикаа оставка  на владата на социјалдемократот Виктор Понта. Денес како приврремен премиер беше назначен министерот за образование Сорин Кампеану.

Претседателот конзервативец, Клаус Јоханис рече дека ќе изврши консултација со цивилното општество околу формирање на нова влада.