Thursday, May 2, 2024
HomeUncategorizedПродолжува судењето за мобинг против судијата Панчевски

Продолжува судењето за мобинг против судијата Панчевски

Судскиот процес против поранешниот претседател на Кривичниот суд, Владимир Панчевски, против денеска продолжува Основниот суд 2. Шефот на одделот за човечки ресурси Горан Стаменковски го тужи Панчевски за мобинг.

Претходното рочиште беше одложено бидејќи адвокатите на тужителот Стаменковски на самиот ден на рочиштето добија писмен одговор на тужба од адвокатите на Панчевски.

Според застапниците на Стаменковски, ова претставува уште еден обид на тужениот да ја одолговлекува постапката, дополнувајќи дека и покрај постапката за мобинг, Стаменковски бил повторно казнет со суспензија, што според нив претставува притисок.

Од друга страна, одбраната на Панчевски пак, смета дека целата постапка претставува мобинг за Панчевски со цел нарушување на неговиот углед како поранешен претседател и претендент за нов мандат како прв човек на Кривичниот суд.

Според тужбата на Стаменковски, претседателот на Судот подолг временски период го прераспоредувал Стаменковски на други работни позиции и го казнувал. Тужителот морал и да исполни норма која не постои во праксата на судот, се наведува во тужбата.