Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаПродолжува судењето на напаѓачот на Шекеринска

Продолжува судењето на напаѓачот на Шекеринска

Во Кривичниот суд денеска треба да одржи ново рочиште за Панче Ангелов, кој на 27 април годинава во Собранието на Република Македонија ја нападна Радмила Шекеринска.

Адвокатот на Ангелов, кому му се суди за насилство на претходното рочиште побара одложување бидејќи, според тоа што го видел од записниците, неговиот клиент бил правно неук, па морал дополнително правно да го посоветува бидејќи за првпат се виделе во судница.

Во судницата беше присутна и Шекеринска, која побара отштета, а за висината на побарувањето, најави дека дополнително ќе се произнесе.