Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаПродолжува собраниската седница за избор на влада – на полноќ ќе се гласа

Продолжува собраниската седница за избор на влада – на полноќ ќе се гласа

Програмата и составот на новата влада е единствената точка на дневен ред на која треба да се расправа во среда напладне во македонското Собрание.

Според Деловникот седницата треба да заврши денеска на полноќ со гласање за новите министри.

Претседателот на Собранието Талат Џафери во вторникот ги предупреди пратениците дека нема да толерира доцнење во собраниската сала.

За денеска прв пријавен за дискусија е пратеникот Димитар Стеванаџија кој на собраниската говорница ќе треба да излезе точно во 12 часот.

Во вторникот пред пратениците програмата на владата ја претстави мандатарот Зоран Заев, во која како главни приоритети беа посочени економијата, обнова на институциите и правда.