Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАСветПриведени девет Ирачани во Австрија за групно силување

Приведени девет Ирачани во Австрија за групно силување

Полицијата во Австрија задржала деветмина мигранти од Ирак кои имале или очекувале бегалски статус, под сомнение за силување на 28-годишна државјанка на Германија во Виена, во пресрет на Нова година, се истакнува во соопштението на полицијата, пренесува „Ројтерс“.

Тие ја нападнале Германката, која била во посета на пријател во Виена, во апартман во кој престојувале двајца од
напаѓачите. Девојката, која е од северногерманската држава Долна Саксонија, ја прославувала Нова година на централниот плоштад во Виена и не се сеќава што се случило во периодот од прославата до утрото кога се разбудила во станот на напаѓачите.

– Делото е извршено на 1 јануари 2016 година во виенскиот регион Леополштад. Осомничените искористиле тоа што девојката била пијана. Поради недостигот на индиции за утврдување на местото и потрагата по осомничените беше тешка и траеше долго. Kако резултат на многубројни истражувања спроведени судско-медицинска истрага, сепак успеавме да откриеме и да задржиме девет лица – истакнаа од полицијата дополнувајќи дека обвинителството ќе одреди притвор додека трае истрагата.

Австриските медиуми, кои се повикуваат на извори во полицијата, јавија дека наводните насилници се деветмина
Ирачани на возраст меѓу 21 и 47 години. Некои од нив имале статус на бегалец, а другите се уште го очекувале.