Wednesday, May 8, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаПриоритет на новата реформска влада ќе биде членство во НАТО, му порача Заев на Бартол

Приоритет на новата реформска влада ќе биде членство во НАТО, му порача Заев на Бартол

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, придружуван од генералниот секретар, Оливер Спасовски денеска со шефот на НАТО канцеларијата во Македонија, Горазд Бартол разговараа за процесот на формирање на нов влада и потребните реформски процеси за да се отворат перспективите кон ЕУ и НАТО.

– Приоритет на новата реформска Влада ќе биде членството во НАТО изјавил Заев.

Тој објаснил дека фокусот кон евроатлатските перспективи ќе обезбеди стабилизирање на Македонија, работа за домашните фирми и реални странски инвестиции, со што ќе се кренат животниот стандард, платите на граѓаните и ќе се отворат нови работни места.

– Програма на новата реформска Влада, на унитарна Македонија е посветена на економски напредок на граѓаните, во Македонија, едно општество за сите граѓани, рече Заев.

Заеднички било оценето дека е од голема важност демократскиот развој на Република Македонија и е изразено очекување дека Македонија ќе се развива по тој пат.

-Имаме парламентарно мнозинство од 67 пратеници, кое што има, не само право, туку и обврска да избере претседател на Собранието и да овозможи да се формира новата Влада, согласно мнозинската волја на околу 700.000 граѓани. Затоа очекуваме во брзо време да биде избран новиот собраниски претседател, кој ќе го извести претседателот Иванов дека е должен да го даде мандатот, а потоа ќе се пристапи и кон формирањето нова Влада, најави претседателот на СДСМ.

Честитајќи го 4 април, денот на НАТО, претседателот на СДСМ додал дека новата Влада ќе биде силно посветена на реформите, како од НАТО агендата, за поголем буџет на одбраната, така и кон обезбедувањето правна држава, независно судство и развој на Македонија во фактор на стабилност во регионот.