Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаПрилеп: Непознат сторител истурил запалива материја врз автомобил и го уништил

Прилеп: Непознат сторител истурил запалива материја врз автомобил и го уништил

Вчера во околу 3:30 часот по полноќ, на улица „Шар Планина“ во Прилеп, била истурена запалива течност врз возилото на С.П кое било паркирано надвор од куќната гаража  и истото било запалено, соопшти прилепската полиција.

Личноста чиј автомобил марка „цитроен ксара“ настрадал е познат доктор во прилепската околина. Од страна на пожарникарите пожарот е изгаснат, а покрај возилото опожарена е и вратата од гаражата и дел од фасадата. Полициската станица од Прилеп извршила увид на местото на настанот и се работи на целосно разрешување на случајот.