Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаПреку јавен повик ќе се најде генерален секретар на ДИК

Преку јавен повик ќе се најде генерален секретар на ДИК

Тоа што требаше многу порано да се реши меѓу политичките партии повторно се соочува со одложување, па затоа конечно се најде моделот на избор на генерален секретар на ДИК преку јавен повик без номинирање од политичарите, а одлуката ќе ја донесе самиот орган.

dik sostav

ДИК соопшти дека на вчерашната седница го усвоила Правилникот за утврдување на начинот и постапката за избор на генерален секретар на ова највисоко изборно тело во земјата. Во надлежност на генералниот секретар ќе биде водење на избирачкиот список со електронската база на податоци.