Saturday, May 4, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаПрегазен пешак во Тетово

Прегазен пешак во Тетово

57-годишен пешак го изгуби животот во сообраќајна несреќа во која е удрен од товарно моторно возило на булеварот „Видео Смилевски Бато“ во Тетово. Полицијата инфомираше дека иако возачот на товарното комбе со друго возило веднаш го однел повредениот во болница, 57годишникот им подлегнал на здобиените повреди.

На оваа делница често се случуваат несреќи. Јавен обвинител и екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово извршија увид на местотопо што ќе се утврдуваат причините, околностите и се друго поврзано со сообраќајката. По наредба на јавниот обвинител врз безживотното тело на пешакот ќе се изврши обудкција.