Wednesday, May 1, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаПратениците на ВМРО-ДПМНЕ доаѓаат со однапред напишани реплики и контра реплики

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ доаѓаат со однапред напишани реплики и контра реплики

Испечатени листови со реплики и контра реплики, кои буквално почнуваат со зборовите „Почитуван претседавач“, „Почитуван Димовски“ дадени на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, кои денеска повторно треба да зборуваат и да ја узурпираат собраниската говорница, пишува „А1он“

Вакви листови камерата на А1он забележа пред Иван Стоилковиќ, Стојан Миланов, Васил Пишев, Владанка Авировиќ и кај речиси сите останати пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.

ВМРО-ДПМНЕ веќе трет ден ја узурпира говорницата со што прави невозможно да се изгласа Комисијата за избори и менување и да се премине на четвртата точка, односно избор на претседател на Собранието.

Тие цело време се повикуваат на демократија иако нивниот однос е далеку од тоа, како и на Деловникот, кој во три дена го прекршија безброј пати.