Saturday, May 18, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалПознати паровите за полуфиналната рунда од Лигата на шампионите

Познати паровите за полуфиналната рунда од Лигата на шампионите

Денес беа извлечени паровите за полуфиналната рунда од најелтиното Еврпско натпреварување, Лигата на шампионите. Фудбалерите на Манчестер Сити, кои во четвртфиналето го елиминираа Парис Сен Жермен, во полуфиналната рунда ќе играат против Реал Мадрид, додека Атлетико Мадрид ќе има средба со Баерн Минхен. Паровите за оваа полуфинална рунда ги извлекуваше поранешниот капитен на фудбалската репрезентација на Србија, Дејан Станковиќ.

На прв поглед, се чини дека Реал Мадрид помина најдобро, иако Сити во четвртфиналето покажа дека не му е до шега кога го елиминираше Парис Сен Жермен. Исто така и минатата сезона во оваа фаза се зборуваше дека Реал Мадрид поминал одлично кога го извлече Јувентус, за на крајот клубот од Торино да се најде во самото финале. Првите натпревари од овие полуфиналиња ќе се играат на 26 и 27 април, а реванш натпреварите на 3 и 4 мај.