Tuesday, May 7, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаПожар во куќа во Скопје

Пожар во куќа во Скопје

Целосно е изгорен горниот кат и покривот од куќа на ул. „Индира Ганди“ во Скопје, сопственост на А.Е. (60), во пожар кој од засега непознати причини избувнал ноќеска.

Како што соопшти МВР, пожарот во ЕИК бил пријавен во 4.20 часот и бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита.

Увид на местото на настанот ќе се врши во текот на денов.