Thursday, May 2, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаПожар беснее во околината на Богданци

Пожар беснее во околината на Богданци

Во околината на Богданци во близина на приватните оранжерии кои се наоѓаат покрај реката Луда Мара попладнево изби пожар на отворено кој за брзо време се прошири на околниот терен обраснат со сува трева и нискостеблести растенија.

Веднаш по дојавата за пожарот на терен излезе екипата на ППЕ на Гевгелија која огнот го гасне со две возила и 12 пожарникари.

Поради ветрот кој дува огнот брзо се шири кон планината Карабалија и се заканува да го зафати нејзиниот шумски предел. Гевгелиските пожарникари побараа помош од своите колеги од Струмица и Валандово.