Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАСветПожар на аеродромот во Токио, евакуирани над 300 патници

Пожар на аеродромот во Токио, евакуирани над 300 патници

Авион на јужнокорејската авиокомпанија „Кориан еар” се запали денеска на токискиот аеродром Ханеда. Над 300 патници кои беа во авионот се евакуирани и никој не е повреден, соопшти јапонската телевизија Ен Ејч Кеј, пренесува БТА.

Левиот мотор се запалил додека леталото се подготвувало за полетување од аеродромот, соопштиле официјалните лица. Поради овој инцидент властите одлучиле привремено да го затворат најпрометниот аеродром.

Сите 302 патника и 17 членови на екипажот биле евакуирани со помош на тобоган за спасување. Нема информации за повредени.

Причината за пожарот засега е непозната, но стручњаците сметаат дека најверојатно станува збор за технички проблем.