Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеПоставени нови автобуски постојки на неколку скопски булевари

Поставени нови автобуски постојки на неколку скопски булевари

Градот Скопје и ЈСП ги продолжуваат активностите од големиот проект за замена на старите и поставување на нови модерни автобуски постојки.Изминатиов период почна поставувањето на нови автобуски постојки по должината на трасите на булеварите „Јане Сандански“, „Партизански одреди“ и „Кузман Јосифовски-Питу“.

Во текот на 2016 година ќе бидат поставени вкупно 52 нови автобуски постојки кои во најголем број ќе бидат лоцирани на трасите на булеварите „Јане Сандански“ и „Партизански одреди“. Овој проект е во вредност од 11 милиони денари, а е финансиран од буџетот на Град Скопје и ЈСП-Скопје.

Новите 52 автобуски постојки се надополнување на големиот проект за замена на старите и поставување на нови автобуски постојќи. Во првата фаза на проектот, кој почна да се реализира во 2013 година, поставени се 226 нови автобуски постојки, за што беа одвоени 66 милиони денари од буџетот на Град Скопје.