Monday, May 6, 2024
HomeДЕНЕШНАСветПоради договорот со САД, Албанија ќе засолнува 3.000 муџахедини

Поради договорот со САД, Албанија ќе засолнува 3.000 муџахедини

Албанскиот премиер, Еди Рама изјави дека во Албанија од 2013-та година се пристигнати вкупно 1.100 муџахедини, а до крајот на годината се очекува да пристигнат уште близу две илјади.

Во писмото на Рама до Фламур Нока, потпретседател на Собраниската Комисија за национална безбедност, што го објавуваат медиумите блиски на Демократската партија која е во опозиција, албанскиот премиер пишува дека официјална Тирана се стави на страна на главниот сојузник, САД кој побара заштита на муџахедините од Ирак со тоа што привремено би се засолниле во Албанија.

„Секој член на организацијата на Муџахедините – МЕК кои се во Албанија, имаат добиено дозвола за престој и здраствен картон и до сега никој од пристигнатите нема побарано албанско државјанство“, се вели во писмото на Рама. Албанската влада по барање на Вашингтон се согласи од 2013-та до 2016-та година да засолни 3.000 муџахедини од Ирак, кои таму биле сместени во одредени кампови.