Thursday, May 2, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаПопоски: Македонија изгуби голем пријател во ЕУ по Брегзитот

Попоски: Македонија изгуби голем пријател во ЕУ по Брегзитот

Никола Попоски за македонските медиуми изнесе свој став за референдумот за излез на Велика Британија според кој Македонија изгуби голем пријател за интеграцијата во Европската Унија.

„Се работи за одлука единствено на Британските гласачи и даночни обврзници. Каква и да е, треба да се почитува. Секако, за Европската Унија такво сценарио значи загуба на значајна земја членка. За Балканот и за Македонија пак, значи загуба на еден поддржувач на процесот на проширување. Очигледно треба да се чујат и забелешките на тие кои ценат дека постои демократски дефицит во носење на некои политички одлуки за Европа“ – вели Попоски за Press24.

Без оглед дали Велика Британија ќе го напушти европското семејство, Попоски смета дека Македонија како држава мора да продолжи по европскиот пат и да се потруди да обезбеди развој за своите граѓани.