Thursday, Apr 18, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаПопоски се повелкол од ИК на партијата поради разликите

Попоски се повелкол од ИК на партијата поради разликите

Поранешниот министер за надворешни работи од ВМРО-ДПМНЕ, Никола Попоски на неговата „Фејсбук“ страница напиша дека минатиот месец поднел оставка само од Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

„Оставката од ИК ја поднесов поради разликите во видувањата за изборните резултати, разликите околу начинот на носење долгорочни одлуки и чувството дека тие водат кон внатрепартиски поделби, кои воопшто не ни се потребни. Ценам дека задржување на единство и фокус на повисоки цели мора да биде над било чии лични амбиции. Член сум во неколку партиски републички комисии и тоа во комисиите за надворешни работи, за европски работи и за одбрана“, вели Попоски.

Тој вели дека останува посветен на задржување на единството меѓу членовите на ВМРО-ДПМНЕ и реализација на заедничките цели во интерес на Македонија и нејзините граѓани.