Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАСветПолубратот на Обама откри за кого ќе гласа на изборите во САД

Полубратот на Обама откри за кого ќе гласа на изборите во САД

Полубратот на американскиот претседател Барак Обама, Малик Обама изјави дека на претседателските избори во САД ќе гласа за републиканскиот кандидат Доналд Трамп, бидејќи е разочаран од демократите и смета дека неговиот брат не ја водел земјата на добар начин.

„Ми се допаѓа Доналд Трамп бидејќи зборува од срце и не се обидува да биде политички коректен. Би сакал да го запознаам“, изјави Малик Обама. Тука се уште и прашањата за истополови бракови, како и муслиманското прашање. „Се чувствувам како републиканец, бидејќи тие не ги поддржуваат истополивите бракови и тоа ми се допаѓа“, додава Малик.

Donald-Tramp

На прашањето за муслиманите, Малик Обама објаснил дека муслиманите како него го разбираат ставот на трамп за муслиманите имигранти. „Јас сум мислиман, но не можете да ги пуштете луѓето да шетаат околу пцувајќи и убивајќи други луѓе во името на исламот“, вели Малик.

После ова интервју, самиот Трамп се огласи на Твитер пишувајќи дека „претседателот највројатно лошо го третирал Малик, како и сите останати“.