Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаПолова нееднаквост – во Македонија мажите полeсно до работа

Полова нееднаквост – во Македонија мажите полeсно до работа

Работодавците во Македонија побрзо би вработиле маж наместо жена, покажува новата анализа за вработување на Евростат врз основа на социо-економските димензии. Токму оваа полова нееднаквост ја рангираше земјата на дното од анализата.

Ниту земјите од ЕУ не се во подобра состојба. Најголема разлика на вработеност по пол има на Малта, Италија, Грција и Чешка, а најмал јаз во Финска и Литванија. За работодавачот многу е важна и возраста на работникот. Во Македонија се помалку се бараат постари работници, а се повеќе се вработуваат на определено или со скратено време.

Oд друга страна пак, ако во светот 83% од луѓето кои се вработиле имале завршено додипломски, магистерски или докторски студии, во Македонија тоа е обратно. Од 4535 лица вработени со проектот Македонија вработува, со средно образование се 2617, а со високо едвај 684 лица.

извор:Фактор