Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаПолјаци ќе ја преземат словенечка „Палома“

Полјаци ќе ја преземат словенечка „Палома“

Собранието на компанијата одлучи полскиот фонд Abris Capital да ја докапитализира словенечкта фабрика за хартија „Палома“ со понудени 15 милиони евра свеж капитал, односно 3,3 евра за акција. Парите од докапитализацијата, сума која се движи од15 до 20 милиони евра, ќе бидат инвестирани во обнова на капацитетите за производство на примарна хартија.


„Со докапитализацијата, Палома добива стабилна сопственост и инвеститор што ќе може да ги обезбеди потребните средства за модернизација на компанијата, а исто така и подобрување на финансиските резултати, можности за понатамошно инвестирање и јакнење на трговската марка“, изјави претседателот на управата на индустријата за хартија Палома, Тадеј Госак.