Tuesday, Apr 16, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаМултановски: Очекуваме формирање влада која ќе работи на реформите

Мултановски: Очекуваме формирање влада која ќе работи на реформите

Амбасадорот на Полска во Македонија, Јацек Мултановски денеска изјави дека очекува по доделување на мандадатот формирање влада која ќе работи на реформите за евроинтеграциите за што ќе ја има полската поддршка.

– Вчера претседателот Иванов го даде мандатот за формирање влада на лидерот на СДСМ Зоран Заев и тоа е важен чекор во процесот на формирање нова влада што се надевам дека ќе биде способна да ги спроведе сите неопходни реформи за евроатлантска интеграција. Полска е силен поддржувач на македонските евроатлантски аспирации и сме подготвени да соработуваме со вас и да ви помогнеме во тој процес, изјави Мултановски кој се обрати на конференцијата „Вишеградската група и Западен Балкан – што е наредно за овие два региона?”.