Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАСветПоплавите во Словачка ја земаа првата жртва

Поплавите во Словачка ја земаа првата жртва

Најмалку еден човек загина во несреќа што се случи во Словачка, а која е настаната поради поплавите во земјата. Инцидентот се случил во селото Оходница во северниот дел на земјата. Уште еден човек е повреден, но без опасност за животот. Двајцата патници биле со автомобил, но набрзо паднале во блиската река, а таа го однела возилото.

Обилните дождови и топењето на снеговите нанесоа големи штети и во Чешка и Полска. Поради зголеменото низво има сериозни поплави, а вработените на цивилна заштита ги зајакнуваат мостовите и градат брани од песочни вреќи.