Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаПолицијата фати дилери на марихуана и хероин во Скопје

Полицијата фати дилери на марихуана и хероин во Скопје

СВР Скопје во две одвоени акции уапси двајца дилери на марихуана и хероин. Уапсен е Р.Ѓ.(35) за основано сомнение дека во својот двор одгледувал и продавал марихуана. Со наредба од Судија на претходна постапка извршен е претрес во неговиот дом, при што се пронајдени повеќе кеси со поголема количина сушена марихуана, цветови и листови од марихуана, како и една дигитална вага. Покрај пронајдената марихуана, пронајдени се и 10 патрони за ловечка пушка, кои пријавениот нелегално ги поседувал по што бил приведен.

И.Б.(42) кој пак, е осомничен дека набавил голема количина на хероин и мешавина од парацетамол, кофеин и лидокаин за мешање на дрогата и зголемување на нејзината маса. Инаку и И.Б. досега бил кривично пријавуван за недозволена трговија со хероин, недозволена трговија со оружје, со кривични пријави од областа на крвни деликти, насилен криминал и од областа на имотните деликти, за што во временскиот период 1990 до 2012 година му биле поднесени 17 кривични пријави.