Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСЈО ја претресува канцеларијата на судијата Панчевски

СЈО ја претресува канцеларијата на судијата Панчевски

Обвинители на СЈО заедно со полиција вршат претрес на канцеларијата на Владимир Панчевски, екс претседател и сегашен шеф во Одделот за судење на организиран криминал на скопска единица, пишува „Сведок“.

Во 12.30 часот во судот пристигнаа обвинителките Катица Јанева и ленче Ристоска, како и полицајци во цивил.

По кратката средба со вд претседтелот на Судот Стојанче Рибарев, почнале со претрес на работните простории што ги користи Панчевски, сега шеф во одделот за судење организиран кримина, каде постапува како судија на претходна постапка.

Не се соопштуваат детали ниту кој ја издал наредбата за претрес, но претпоставките се дека се бараат писмени докази за влијанието на Панчевски врз текот на предметите на СЈО додека бил претседтел.