Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаПолицијата апси соработници на терористите од Куманово

Полицијата апси соработници на терористите од Куманово

МВР започна нова акција чија главна цел според првичните информации е да се уапсат осомничени соработници на терористичката група која во кумановската „Дива населба“ се судри со македонските вооружени сили. Приведени се неколку лица кои се претпоставува дека дејствувале како логистика на територија на Скопје и Куманово, а повеќе детали МВР ќе соопшти подоцна. Во битката за Куманово 8 полицајци храбро го загубија животот, а триесетина беа ранети. Вооружената група од околу 30 лица која се предаде е во фаза на судење.