Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаПолициите од Скопје до Виена ќе се координираат за бегалците

Полициите од Скопје до Виена ќе се координираат за бегалците

Со оглед на можното засилување на бегалската криза и поголемиот прилив на мигранти Министерства за внатрешни работи на земјите на Балканската рута како и на Австрија ќе имаат работен состанок за координација и создавање на поефикасна стратегија. Средбата е иницирана од Бирото за јавна безбедност при МВР и на неа ќе учествува директорот Горанчо Савовски, државниот секретар на МВР Анастасија Иливеска, како и директори на полициите од Белград, Загреб, Љубљана и Виена.