Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионПолицаец убил мигрант на бугарско-турската граница

Полицаец убил мигрант на бугарско-турската граница

Бугарската гранична полиција пукала врз еден мигрант во месноста Седеч во близина на границата со Турција, по пат до болницата мигрантот починал, соопшти министерството за внатрешни работи на Бугарија.

„Нашата гранична патрола наиде на група од 50 мигранти, кои илегално успеале да влезат во земјата“ изјавил секретарот за влатрешни работи Георги Костов за медиумите. Според неговите зборови, мигрантите биле помегу 20 до 30 години, најверојатно Авганистанци. Тие пружиле отпор при нивното апсење, со што еден од полицајците пукал во воздух како знак на предупредување.

Премиерот на Бугарија, Бојко Борисов кој синоќа учествувал на самитот на ЕУ за бегалската криза, го напуштил состанокот во Брисел по вестите за инцидентите на границата. Бугарија и Турција ја делат границата во должина од 160 километри а самата Софија во намера да го спречи приливот на мигранти од Сирија и Авганистан го зголемила бројот на гранични полицајци и инсталирала камери и сензори на граничниот појас.

Потпаролот на УНХЦР, Борис Чеширков го осуди инцидентот и користењето на оружје против мигрантите и ги повика бугарските власти да спроведат транспарентна истрага.