Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаПодметнат пожар во службениот автомобил на прилепски директор

Подметнат пожар во службениот автомобил на прилепски директор

Засега непознато лице, ноќеска подметнало пожар во службениот  автомобил на директорот на прилепскиот затвор кој пак успеал некако да го изгаси огнот пред да изгори целото возило.

Инцидентот се случил околу 2:30 часот по полноќ, кога автомобилот кој што би паркиран во дворот од семејната куќа на директорот, била полиена со бензин и запалена. Прилепскиот директор бил буден и веднаш го забележал пожарот, па веднаш истрчал надвор и успел да го изгаси.

Од прилепската полиција соопштуваат дека направиле увид на местото, без да прецизираат дали имаат осомничени лица.