Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаПочнува судскиот процес против напаѓачот на Шекеринска

Почнува судскиот процес против напаѓачот на Шекеринска

Во Кривичен суд во Скопје за утре е закажано судењето за нападот врз Радмила Шекеринска за време на настаните во Собранието од 27 април.

Обвинението за кривичното дело насилство Јавното обвинителство го поднесе во август.

За ова дело предвидена е казна затвор од три до десет години.