Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаПочна собраниската комисија посветена на договорот со Бугарија

Почна собраниската комисија посветена на договорот со Бугарија

На почетокот на денешната седница на собраниската Комисија за надворешна политика беше постигнат договор меѓу премиерот Зоран Заев и пратениците од власта и од опозицијата по нејзиното затворање да биде образложен нацрт-договорот за добрососедство на Македонија со Бугарија и пратениците да имаат увид во него.

Пред гласањето за тоа дали седницата да биде затворена или не претседателот на Комисијата за надворешна политика Антонијо Милошоски посочи дека членовите на Комисијата треба да добијат материјал па потоа да гласаат за предлогот дали седницата да биде отворена или затворена за јавноста. Премиерот Заев истакна дека потребно е да се отвори расправа за нацрт – договорот во функција на градење заеднички национални консензуални политики од интерес за сите граѓани.