Wednesday, May 22, 2024
HomeДЕНЕШНАСветПочна легалното префрлање на бегалците од Турција во ЕУ, по договорот меѓу Анкара и Брисел

Почна легалното префрлање на бегалците од Турција во ЕУ, по договорот меѓу Анкара и Брисел

Седумдесет и осум Сиријци се префрлени од  Турција во Германија. Тоа е првата група на бегалци кои според договорот на Европската унија со Турција, ќе бидат преместени на територијата на ЕУ. Од почетокот на месец април, почна да функционира механизмот што предвидува еднаков број на депортираните Сиријци од Грција во Турција, легално да биде пренесен од Турција на терироријата на ЕУ.

Вчера  почна депортирањето на 136 мигранти и бегалци кои нелегално дошле од Турција во Грција. Најголем дел од нив се Пакистанци кои од грчкиот остров Лезбос беа депортирани во турскиот град Дикили. Се очекува утре 200 нелегални  имигранти да бидат вратени од Грција.

Грчките медиуми јавуваат дека по ова, властите во Атина ги запреле привремено депортациите за да го обработат пораснатиот број предадени молби за азил. За да не ги наруши барањата според меѓународното право, Грција треба да го разгледа посебно секој случај, односно, не може автоматски да депортира во Турција. Во моментов се враќаат во Турција само оние имигранти на кои им е одбиено барањето за азил и оние кои воопшто не сакаат да предадат вакви барања до Атина.

Околу 3.000 луѓе се задржани во камповите за депортација на грчките острови, и тие чекаат одговор дали ќе им биде даден бегалски статус. Вообичаено обработката на молба за азил трае околу три месеци, но поради кризната ситуација процесот ќе биде забрзан,белат грчките власти.