Saturday, May 4, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРФилмПочина нобеловецот Дерек Волкот

Почина нобеловецот Дерек Волкот

Добитникот на Нобеловата награда за литература од 1992 Дерек Волкот почина денес во својот дом на карипскиот остров Света Луција на 87 годишна возраст, соопшти неговото семејство. Негови дела, вклучувајќи ја и автобиографијата во стих „Втор живот“ и карипската верзија на „Одисеја“, со наслов „Хомер“, му донеа меѓународна слава. Премиерот на Света Луција Ален Кастанет изјави дека знамињата ширум островот биле спуштени на пола копје поради смртта на славниот писател.

„Ова е голем губиток за Света Луција. Ова е голем губиток за целиот свет“, изјави тој. Писателот е роден во 1930 година на островот Света Луција, а во 1953 се преселил во Тринидад. Предавал во Бостон и во Калифорнија. Неговите колеги изразиле сочувство и го опишаа како прекрасен и дарежлив човек.