Sunday, May 5, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРМузикаПочина Мерл Хагард, икона на кантри музиката

Почина Мерл Хагард, икона на кантри музиката

Легендата на кантри музиката Мерл Хагард, почина вчера во својот дом во Калифорнија, на својот 79 роденден. Веста за смртта на музичарот кој во своите песни пееше за тешкото детство и тешкиот живот, но и емотивноста поради која стана омилен кај публиката, ја пренесоа американските електронски медиуми. Менаџерот на Хагард изјави дека музичарот починал од пневмонија, со која се борел последните неколку месеци. Музичарот имал нешто порано закажано многу концерти, но поради оваа болест морал сите да ги откаже.

Хагард ја надмина сиромаштијата и затворот и се прослави со своите песни за аутсајдери и истраен патриотизам, теми обработени во хитовите „Okie From Muskogee” или „Sing Me Back Home“. Овој врвен, гитарист, виолинист, композитор и пејач, член на Куќата на славни на кантри музиката, снимаше музика повеќе од четири децении, за да објави околу десетина албуми и бројни синглови кои стигнуваа до врвовите на светските топ листи. За време на својата богата кариера се изгради во една од најголемите и највлијателните фигури во овој жанр на музика, бидејќи успеа да произведе 38 песни кои се искачуваа на првите места на бројни топ листи.