Saturday, May 4, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРФилмПочина Мајкл Чимино, режисерот на „The deer hunter“

Почина Мајкл Чимино, режисерот на „The deer hunter“

Режисерот на американскиот филм „The deer hunter“, награден со Оскар, Мајкл Чимино почина на 77 годишна возраст. Смртта на Чимино прв ја потврдил директорот на филмскиот фестивал во Кан Тјери Фремо, а потоа и „Њујорк Тајмс“ кој го цитираше пријателот на режисерот и негов поранешен адвокат Ерик Вајсман.

Причината за смртта не е наведена, а Вајсман изјави дека мртвото тело на Чимино го пронашле неговите пријатели во неговиот дом, откако претходно се обиделе да го добијат на мобилен. Во неговиот филм „The deer hunter“ од 1978 година меѓу другите глумеше и Роберт Де Ниро, а овој филм беше награден со Оскар.

Наредниот негов филм, „Вратата на рајот“ од 1980 година, кој раскажува приказна за масакрот над имигрантите во САД кон крајот на 19 век, со Крис Кристофер, Изабел Ипер, Кристофер Вокен и Џеф Бриџис во главните улоги, дожива голем неуспех и кај публиката и кај критичарите и ја доведе до банкрот компанијата „Јунајтед Артист“. Чимино во 2001 година во Франција, каде привремено живеел, ја доби титулата витез за уметност и литература.