Monday, May 6, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРМузикаПочина аргентинскиот џез саксофонист Гато Барбиери

Почина аргентинскиот џез саксофонист Гато Барбиери

Леандро „Гато“ Барбијери

Леандро „Гато“ Барбиери, аргентинскиот саксофонист и автор на музиката за филмот „Последно танго во Париз“, почина на 83 годишна возраст. „Денес загубивме легенда, пиоенер и драг пријател. Неговата музичка кариера е инспирација за секој од нас“, стои на Твитер профилот на познатиот џез клуб „Blue Note“, но се уште не е наведена причината за смртта на славниот саксофонист. Роден на 28 ноември 1932 година. Барбиери во текот на својата долга и богата кариера сними оолу 50 албуми.

Уште како тинејџер започнал да свири по клубовите во Буенос Ајрес, така добивајќи го прекарот „Гато“, што на шпански јазик значи мачка. Тој експериментираше со многу музички стилови, како слободен џез со трубачот Дон Чери во средината на 60-тите години и со латиноамерикански џез за време на 1970 и 1980-тите години. Светската слава му ја донесе музиката за филмот на Бернард Бертолучи „Последно танго во Париз“, со Марлон Бранд и Марија Шнајдер во главните улоги, за која композиција во 1972 година доби и Греми награда.