Saturday, Apr 27, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈРакометПобедничко деби на Раул Гонзалес, чекор поблиску до Хрватска

Победничко деби на Раул Гонзалес, чекор поблиску до Хрватска

Ракометната репрезентација на Македонија оствари значајна победа во квалификациите за ЕП 2018 кое ќе се одржи во Хрватска. Во преполниот СЦ „Борис Трајковски“ беше поразена репрезентацијата на Исландсо 30-25 на полувреме (15-13). Новиот селектор успешно дебитираше на клупата и го имаше натпреварот под контрола во текот на двете полувремиња со само еден мал пад кој недозволи да ги поремети нашите момци. Најдобар играч повторно беше капитенот Кире Лазаров а и повратникот во репрезентацијата Борко Ристовски бранеше маестрално.

Кире Лазаров со 11 гола беше најефикасен а младиот Талевски со 5 гола од кои 2 во последните моменти на натпреварот кога се кршеше резултатот. “Министерот за одбрана“ забележа 12 одбрани. Кај Исланд најдобар беше Сигурдсон со шет сгола, а нивниот најдобриот ракометар Палмарсон му дозволивме само четири гола.

Не очекува нов натпревар со Исланд за 3 дена на островот во 21,45 се надеваме на нова одлична игра на нашите лавови и да покажеме дека овој резултат не е случајност.