Friday, Apr 19, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈРакометРаул Гонзалес ќе го продолжи тоа што Червар немаше храброст да го доврши!

Раул Гонзалес ќе го продолжи тоа што Червар немаше храброст да го доврши!

Нашата најдобра машка ракометна репрезентација доби наследник на досегашниот Лино Червар, денес беше претставен новиот тренер Раул Гонзалес.

Како што се и шпекулираше по одењето на Лино, така и се случи шпанскиот тренер Гонзалес, кој исто така го предводи и Македонскиот тим Вардар е нов тренер на репрезентацијата.

Еден од најдобрите шпански тренери потпиша договор до есента 2020 година. Тој ќе проба со Македонија да ја продолжи традицијата и со подмладен состав да проба да избори пласман на Европското првенство кое ке се одржи во 2018 година. Тој освен Вардар со кого избори пласман во четвртфиналето во Лигата на Шампионите, го има водено и шпанскиот тим Атлетико Мадрид.