Thursday, Apr 25, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈРакометГонзалес го објави поширокиот список на играчи за претстојните квалификации на ЕП 2018

Гонзалес го објави поширокиот список на играчи за претстојните квалификации на ЕП 2018

За шампионскиот тренер на Вардар, Раул Гонзалес, нема пауза тој мора да работи напорно како би ја направил Македонија уште посреќна, да ја однесе на Европското првенство во Хрватска кое ке се игра во 2018 година.

Тој го објави поширокиот список на играчи а набрзо треба и да го обрајви конечниот список на играчи кои ќе ги одиграт двата најважни натпревари на ракометната сениорска репрезентација. На 4 јуни со Украина на гости и четири дена подоцна во 20.45 часот во спортскиот центар „Борис Трајковски“ против Чешка за пласман на Европското првенство.

ГОЛМАНИ: Борко Ристовски (Барселона), Никола Митревски (Бенфика), Мартин Томовски (Металург), Златко Даскалоски (Темишвар), Даниел Ѓорѓески (Вардар јуниор).

КРИЛА: Дејан Манасков (Левен), Гоце Ојлески (Одохеи), Гоце Георгиевски (Букурешт), Никола Костески (Металург), Мартин Поповски (Вардар јуниор), Владо Недановски (Вардар).

БЕКОВИ: Кирил Лазаров (Барселона), Мартин Велковски (Металург), Филип Лазаров (Темишвар), Филип Талески (Левен), Аце Јоноски (Бергишер), Велко Маркоски (Загреб), Стефан Дрогришки (Металург), Филип Миркуловски (Вецлар), Горан Крстевски (Еурофарм Работник), Филип Кузмановски (Металург), Марко Нелоски (Металург), Влатко Митков (Кремс), Дарко Димитриевски (Борец).

ПИКЕРИ: Стојанче Стоилов (Вардар), Никола Маркоски (Орошази), Жарко Пешевски (Металург), Костадин Петров (Металург).