Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаПо увидот во доказите ќе се подготвува одбраната на Заев

По увидот во доказите ќе се подготвува одбраната на Заев

Лидерот на СДСМ Зоран Заев денеска со својот адвокат Ване Андреев се појави во Основното јавно обвинителство за да извршат увид во доказниот материјал од предметот со кој Заев, СДСМ и уште едно лице вработено во партијата се сомничат за злоупотреба при организирање изборна кампања.

Заев рече дека се дојдени да ја докажат својата невиност во врска со сомневањата за кои се товарат и дека по увидот во доказите ќе ја подготват својата одбрана.

– Прелиминарниот извештај за финансирањето на кампањата следува и има законски рок до кога се затвораат сметките, по што се даваат конечните извештаи за прибирањето и трошењето на средствата. Ние тоа го правиме транспарентно, опозиција сме долги години и го следиме словото на законот – изјави Заев.