Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАСветПо 22 години мир, повторно се судрија Ерменија и Азербејџан

По 22 години мир, повторно се судрија Ерменија и Азербејџан

По 22 години мир во Нагорно Карабах повторно се судрија ерменската и војската на Азербејџан, пренесува „Спутник“. Властите во Ереван и Баку меѓусебе се обвинуваат за ескалација на насилството во кое има жртви.

– Вооружените сили на Ерменија го прекршија примирјето вдолж линијата на судир 127 пати во последните 24 часа – изјави министерот за одбрана на Азербејџан.

Во соопштението се додава дека војската на Ерменија употребила минофрлачи и тешки митралези. Министрството за одбрана на Ерменија соопшти дека спротивната страна почнала офанзива во ноќта на први април со употреба на тенкови, артилерија и авијација.

Извор од ова министерство за агенцијата „Интерфакс“ изјави дека е соборен хеликоптер и дека спротивната страна има големи загуби во жива сила и воена техника. Судирот меѓу Ерменија и Азербејџан почна во 1988 година.