Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаХрватска, Црна Гора и Босна обезбедија гас од Азербејџан

Хрватска, Црна Гора и Босна обезбедија гас од Азербејџан

Хрватска, Црна Гора и Босна и Херцеговина си обезбедија пристап до гас од Азербејџан. Тоа ќе се случи преку врска помеѓу Трансадриатскиот гасовод (TAP) со Јонско-јадранскиот гасовод (IAP).

Меморандум за соработка за реализација на IAP беше потпишан во крајот на минатата недела во Хрватска, објави сајтот на проектната компанија на TAP. Договорот за новиот гасовод, заедно со врската IGB меѓу Бугарија и Грција, е од клучно значење за исполнување на целите за диверзификација и безбедност на испораките на гас во Јужна Европа, дополнуваат од компанијата.

Плановите предвидуваат изградба на нов гасовод од град Фиер во Албанија, преку територијата на Црна Гора, Босна и Херцеговина до Сплит во Хрватска. Во Хрватска цевките ќе бидат поврзани со постоечката гасоводна мрежа. Должината на новиот објект ќе биде 516 километри, а неговиот капацитет е околу 5 милијарди кубни метриетри годишно.

Изградбата на TAP започна во мај. Гасоводот е дел од Јужниот гасен коридор, кој ќе доставува природен гас од наоѓалиштето „Шах Дениз II“ во Каспиското Море до Европа. Очекувањата се првите комерцијални снабдување на Јужниот гасен коридор за Турција и Грузија (преку TANAP) да бидат реализирани во 2018 година. Во почетокот на 2020 година гас од Азербејџан ќе биде испорачан и во ЕУ.