Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаМаја Иванова ѝ честитала на Махрибан за потпретседателското место во Азербејџан

Маја Иванова ѝ честитала на Махрибан за потпретседателското место во Азербејџан

Sопругата на претседателот Ѓорѓе Иванов, Маја Иванова за време на посетата на Баку се сретнала со сопругата на азербејџанскиот претседател Илхан Алијев, Мехрибан и и честитала за нејзиното поставување за потпретседател на Азербејџан, јави азербејџанската агенција „Азертак“.

Претседателот на Азербејџан Илхан Алијев минатиот месец ја назначи сопругата за потпретседател на државата – позиција воведена по уставниот референдум во септември минатата година.

Според соопштението од кабинетот на потпретседателката на Азербејџан, Иванова ја пофалила жена му на Алијев за тоа што до сега го направила и ѝ посакала успеси во нејзините идни потфати.

Маја и Мехрибан се сретнале во Баку за време на Глобалниот самит на кој присуствува Ѓорге Иванов.