Tuesday, Apr 16, 2024
HomeДЕНЕШНАСветПапата ги осуди нападите во Сирија и испрати порака за мир

Папата ги осуди нападите во Сирија и испрати порака за мир

Папата Франциск во велигденското обраќање од балконот на базиликата Свети Петар го осуди вчерашниот напад во Сирија во кој беа убиени најмалку 112 луѓе и повика на мир во сите земји во кои има судири.

„Во ова време на посебен начин нека Бог ги поддржи напорите на оние кои активно работат за да донесат олеснување и утеха на луѓето во Сирија. На жртвите во војната кои не престануваат да сеат ужас и смрт. Во вчерашниот напад кој е вреден за презир врз бегалците кои бегаа и предизвика безбројни жртви“, рече папата Франциск.

Во експлозијата на автомобил бомба во близина на северно сирискиот град Алепо вчера беа убиени најмалку 112 луѓе кои беа во конвојот од автобуси кои превезуваа луѓе евакуирани од сириските населби.

Папата исто така повика на мир во другите земји погодени од судири.

„Нега Господинот подари мир во целиот Близок Исток, почнувајќи од Светата земја, во Ирак и Јемен. Нека не изостане близината на добриот пастир меѓу народите на Јужен Судан, Сомалија и Конго кои патат од непрекинати судири влошени од гладта која тешко ги погаѓа поедини региони во Африка“.

Тој им се обрати на жртвите на војната, тероризмот, тиранските режими и гладта.