Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаПлатено политичко рекламирање е дозволено до сабота, Канал 5 нема да отстапи простор

Платено политичко рекламирање е дозволено до сабота, Канал 5 нема да отстапи простор

Со последните измени на Изборниот законик што ги усвои Собранието на Република Македонија, почетокот на забраната за емитување платено политичко рекламирање кај радиодифузерите, печатените медиуми и електронските медиуми (интернет порталите) се поместува од 27 февруари 2016 година, соопштуваат од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Агенцијата очекува дека евентуалното емитување на платено политичко рекламирање ќе биде во согласност со стандардите за рекламирање утврдени во Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и дека особено ќе се води сметка со него да не се промовира дискриминација, нетрпеливост или омраза врз каква било основа.

Телевизијата Канал 5 објави дека нема да отстапи рекламен простор на политички партии во овој период. „И покрај барањата на одредени политички партии, Канал 5 телевизија ќе го задржи зконското право за овозможување закуп на рекламен простор на политичките партии, откако ќе почне кампањата за изборите на 5-ти јуни“ – стои во објавата на Канал 5.