Sunday, May 5, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаПетто продолжение на конститутивната седница

Петто продолжение на конститутивната седница

Собранието ќе го оддржи петтото продолжение на конститутивната седница и пат, на чиј дневен ред, како и претходните четири дена, е изборот на членови и на претседател на Комисијата за избори и за именувања и изборот на претседател на Собранието.

Вчера седницата неколкупати беше прекинувана затоа што наместо расправа по точките од дневниот ред, пратениците меѓусебно си даваа процедурални забелешки.

Претседавачот Трајко Вељаноски на крајот на четвртото продолжение на седницата соопшти дека таа поминала само со пет реплики и контрареплики, но со дури 50 процедурални забелешки.

Освен процедуралните забелешки, во фокусот на дебатата на вчерашната седница повторно беше платформата на албанските партии, но и студентите и условите во студентските домови, како и субвенциите на земјоделците.

Новото парламентарно мнозинство побара Трајко Вељаноски повеќе да не седи на претседавачкото место.