Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаПетстотини илјади евра помош од Австрија за Македонија

Петстотини илјади евра помош од Австрија за Македонија

Помош од 500.000 евра на Македонија за поплавите ќе додели Австрија од Фондот за елементарни непогоди во странство. Министерот за надворешни работи на Австрија, Себастијан Курц прецизира дека тие средства ќе бидат ставени на располагање на австрискиот и македонскиот Црвен крст.

Средствата треба да да бидат искористени за евакуирање на лицата во привремени престојувалишта.

– Се подразбира дека Австрија како партнер ѝ помага на Македонија. Не смееме да ги оставиме на цедило луѓето по ова невреме – порача Курц во соопштението.