Monday, May 6, 2024
HomeДЕНЕШНАСветПетмина мртви во напад во Алабама, спасено четиримесечно бебе

Петмина мртви во напад во Алабама, спасено четиримесечно бебе

Пет лица се убиени, вклучувајќи и една бремена жена при нападот во куќа на југозапад од американската сојузна држава Алабама. Како што информираа денеска локалните власти едно четиримесечно бебе е единственото преживеано во нападот.

Полицијата единствено бебетои го пронашла преживеано во куќата во градот Ситронел – изјави портпаролот на канцеларијата на шерифот на округот Мобајл, Пол Берч.

– Жртвите се убиени со огнено и друго оружје, изјави тој, не наведувајќи ги деталите од настанот, пренесе Си-Ен-Ен.

Неколку часа по убиствата на полицијата и се предал Дерик Рајан Дирман (27), кој го признал ова свирепо дело, а полицајците се обидуваат да утврдат во каков однос тој бил со жртвите.